Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.