Пред две години малиот Таитус стана сензација на годината откако во едно студио даде повеќе кошеви од Шек, од Мета Ворлд Пис и на крајот го победи и Коби. Сега на четири години одново покажа што знае, кај Стив Харви во емисија.
Најдобрите светски кошаркари од Западната конференција во НБА ги совладаа колегите од Истокот 196:173 во мечот кој го одбележаа неколку рекорди и опростувањето на Коби Брајант.
За помалку од еден месец започнува најважната спортска манифестација на глобално ниво, ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро. Таму за жал нема да видиме некои од мега-ѕвездите во разни спортови.
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.
Голден Стејт имаше меч топка, во Оукленд Арената, пред своите навивачи кои беа спремни за титулата, но славјето им го расипаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со вкупно 82 коша.
Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.