Животот на Оливер Драгојевиќ со децении беше на тацна на јавноста па човек може да помисли дека знае сè за него. Ама кога соговорникот (Анџело Јуркас, режисер, сценарист...) знае да постави вистински а не дебилни прашања, се дознава и друго. На пример: „Како тоа знаеш да имаш феноменални песни ама знаеш и да отпееш некоја 'туп-ца-ца, туп-ца'“?
Пред 12 дена на Јутјуб се појави песната „Rich Men North Of Richmond“ на тема сиромаштија, депресија и безизлезност конкретно во САД, и незаинтересираност на богаташката и политичка како било да помогне, и како државата секој ден му тежи и го закопува обичниот човек. До денес песната има речиси 30 милиони прегледи.
Фатил на ТикТок да рецензира храна: кечапот бил полн со шеќери, варените јајца не биле излупени, компирите се полни со јагленхидрати, овесот е токсичен, амбалажата воопшто не е еколошка.... Што храна е тоа, во Мериот, кај Џејми Оливер? Не, се работи за порција храна која ја добил како хуманитарна помош во шелтер за бездомници.
Се јавува девојка во емисија со Гордон Ремзи. Го забезекнува со омилената комбинација (сакала ванила сладолед со кисели крастивички и ракчиња), малку го ребри заради бифтек што јадела во неговиот ресторан, го трола дек Џејми Оливер е подобар а нему му порачува да се држи до она што го прави добро - кајгана. - Јадеш ли ти кајгана?, ја прашуваат слушателката. Тука сме.
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Технологијата има потенцијал да создава позитивни промени и преку иновации да го олесни и подобри животот на луѓето и општеството. Согледувајќи ја позитивната страна на дигиталниот напредок, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), преку своите напредни образовни програми и работата на реални проекти, дава значаен придонес за заедницата.