Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.
Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.