Навивачите на Јуве и Реал очи ќе си извадат на Фејсбук за тоа дали имаше или немаше пенал врз Роналдо. Ситуацијата е спорна, размислувањата се поделени, па дури и на неутралните навивачи и на експертите.
Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.
Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.
Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.