Она што не натера да го објавиме текстов не е затоа што тој зборува за Обама, Буш, Тачер и Ромни (кого би го интересирало тоа?), туку затоа што Жижек во него користи една многу интересна метафора. Ви се случило ли да не можете да се објасните со некого, бидејќи тој поинаку од вас ги толкува спратовите (сутерен-приземје-прв)? Епа нему дефинитивно да.
Дел од шармот и популарноста на словенечкиот филозоф Славој Жижек се должи на неговиот нетипичен академски пристап при што често флертува со актуелни културолошки феномени. Ама, некогаш и нема што паметно да каже. Овојпат на тема зошто Гангнам (Fuck them stupid Koreans) го победи Џастин Бибер (Disgusting guy from Canada). Добро, на кокаин ли е мудрецот?
Светски познатиот словенечки филозоф Славој Жижек неделава гостуваше на Универзитетот Јеил во рамки на на тродневната манифестација Bulldog Days, која се организира во чест на новопримените студенти.
Откако протече информацијата дека Жижек сака да се дружи со Лејди Гага, човекот почнаа да го зафркаваат дека станува филозофски гуру на поп ѕвездите. Еве го сега во устата на Кеша. Упс! (затворен цитат)
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.
За Корнел Вест прв пат чув во документарецот Examined Life, во кој неколку славни имиња (Џудит Батлер, Жижек), дискутираат филозофски прашања во секојдневен контекст - на улица, на отпад, шетајќи низ паркови.
Копајќи по интернет по книги ја најдов „Светото и профаното: истражување на хипстерите", кратка – се чита за 2-3 часа – посветена, очигледно, на хипстерите. Се разбира ја симнав и потоа ја исчитав за време на вообичаено долгото патување со автобуси.