Пред сами да се повикате и да си ја дадете улогата да ја образувате рајата што се тоа навивачи, колку се опасни, бедни и штетни, отидете барем еднаш на некој натпревар. Видете од прва рака за каква супкултура станува збор.
Прекинете да нè делите на наши и нивни, комуњари и вмровци и други глупи црно-бели квалификации. Нит сме ваши, нит сме нивни - свои сме. Сакате да ја смениме државава? Почнете од сопствената малограѓанштина.