Во La Cité internationale universitaire во Париз пуштаат 100 графити уметници да прават што ќе им текне со просторот. Појако од резултатот е само разочарувањето кога ќе ти текне дека после ова - сè е реновирано и не било планирано вака да остане засекогаш.
Џули Бурчил лани ја прочитала книгата на Марина Абрамовиќ и во еден осврт на ова самобендисано дело, на оваа самобендисана авторка, мирно, остро и прекрасно цинично ни се провикнува, „луѓе бе па, па царот е многу, многу гол“.
Ништо во моментов не е пошармантно и позанимливо на интернетов, од репортажата на блогерката Messy Nessy Chic за, како што самата кажува, „една од најдобро чуваните тајни на Париз.“