Македонскиот шампион немаше многу среќа. РК Вардар Про на извелкувањето за ракометната Лига на шампиони за противници во групата ги доби екипите на Барселона и Пари Сен Жермен, а можеби ќе се сретне и со Металург.
По поразот од Вардар во СЕХА лигата, Металург загуби и во Лигата на шампиони. Искусната екипа на Киелце му го нанесе првиот пораз на Металург во најелитното европско клупско натпреварување.