„Ако противотров за Трамп е Клинтон, тогаш противотров за ракот е инфарктот“, пишува за една од последните гротескни комбинации во кои Хилари повторно се враќа во игра колумнистот на Индипендент, Хаф и РТ, Џон Вајт.
Планот за вадење на основачот на Викиликс од амбасадата во Лондон за време на католичкиот Божиќ во 2017 не е исполнет затоа што се покажал како премногу ризичен, се тврди во веста објавена од Гардијан.
Сценариото е следно: објавените мејлови на Хилари откриваат постоење на тајно здружение на педофили чие седиште е пицерија во Вашингтон која се поврзува со блиски соработници на кандидатката за претседател. Бонус во приказната: Асанж (кој не е виден во јавност од октомври) најверојатно е убиен заради објавување на веста.
Ситуацијата со Асанж е следна: човекот е во амбасадата на Еквадор во Лондон и некако треба да стигне до Еквадор без да биде фатен. Тука се компликуваат сите работи.