Зукерберг, човекот кој е прилично лабав со сечија туѓа приватност, сопствената ја чува така што ги поседува сите четири куќи околу неговата куќа во Силициумската долина и купува 40 хектари земјиште околу викендицата на Хаваи притоа на сила иселувајќи ги локалците.
Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.
Пред Мишел, Барак Обама бара сосема друга жена да му биде сопруга, и тогаш се вмешува политиката, се тврди во масовната 1500 страни неодамна објавена биографија за поранешниот американски претседател.
За време на приемот на Бостон Ред Сокс во Белата куќа (по повод освојувањето на титулата во бејзбол), капитенот Дејвид Ортиз го фаќа Обама и прави селфи со него. Како и на Оскарите и ова селфи е направено со Самсунг Галакси Ноут 3. Само овој пат не е толку планирано.