Благодарение на вештачката интелигенција, луѓето сè помалку ќе чувствуваат практична потреба да учат втор, а за трет-четврт јазик и да не зборуваме. Оние кои сепак би се интересирале за оваа работа тоа би го правеле од поезотерични причини.
Неговата оставштина ја споредуваат со таа на Пикасо, во Америка е King of fashion, во Париз е Le Magnifique. Ги ослободил жените од корсети, доминирал во Убавата епоха со богати парчиња и бил прв француски кројач што комерцијализирал сопствени парфеми, што сега е стандарден маркетиншки концепт во индустријата.
Иако анализата на чувствата содржани во онлајн текстовите е далеку од совршена, таа успева да извлече значење од големо количество податоци и може еден ден да биде користена за следење на менталното здравје. Иако секој кој вложил барем малку време во набљудување со учество на социјални мрежи и без диплома од психологија знае да го процени ова.
Кога станува збор за хорори, звукот игра суштинска улога во создавање на чувството на страв и возбуда. Сега компанијата Самсунг се обидува низ современа технологија на звук да им го пренесе и на оние кои не можат да го слушнат.
Од неофицијални извори дознаваме дека некои компании не сакаат испораките што ги имаат до своите корисници да ги доставуваат само на праговите на нивните домови, туку отидоа и чекор подалеку, па организираат достава на пратки на корисниците токму онаму каде што се наоѓааат во моментот, следејќи го нивното движење со дрон.