Македонската ракометна репрезентација во следните 10 дена за ЕП 2024 ќе се подготвува во Стара Пазова, Војводина. Предизвикот е тежок, потребна е дополнителна мотивација, а тоа е големиот хит на Дадо Топиќ. Во група сме со Германија, Франција и Швајцарија, а стартуваме против Французите на 10 јануари.
По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.
Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.
Македонската ракометна репрезентација живна после очајното Светско и со добра игра, на моменти со осцилации, му пружи голем отпор на фаворитот Португалија во третото квалификациско коло за ЕП 2024.
Чуден е понекогаш спортот. Особено ако знае дека Данска стана првата репрезентација во историјата на ракометот која врза три мундијалски титули. А неодамна загуби од Македонија, на дебито на Кире како играч/селектор. Пет гола на Талески.
Еден твит на Бошко Караџа ме замисли и ме испровоцира да седнам на тастатура, иако после тоа вчера тешко се седнува и срочува рационален текст. А впрочем и кој би знаел што е сега најпаметно? Ај ќе пробаме со факти.
Ниту некаква идеја видовме во напад, ниту барем малку цврстина во одбрана, а и голманите ги немаше. Ништо. За впечатокот да биде целосно катастрофален, немаше ниту жар, борбеност и срце на терен. Тежок мундијалски промашај. Штета и срамота.
Најпознатиот сајт за ракомет не ја респектира многу подмладената репрезентација на Македонија, ниту нашата ракометна традиција, потврдена со пласман во топ 11 во светот и тоа два пати.
Со пораз од Хрватска и победа над Израел викендов, македонската ракометна репрезентација ги заврши последните контролни средби пред Светското во Полска и Шведска. Дејан Манасков изгледа уште го држи расположението од ревијалниот меч во Борис Трајковски, зачинет со еден куп атракции.
Целиот ракометен крем синоќа се собра на едно место, а химната ја пееја се разбира и двете селекции на Македонија. Златко Мојсоски, кој инаку уште е активен ракометар на 41 година во тимот на РК Бутел, не заборави да намигне.