МТК Будимпешта во понеделникот во 27. коло од унгарската лига го совлада Диошѓер со 4:2. Голманот на гостите, Сенко Жомбор прими четири гола на мечот ама може да се пофали дека на полувреме одбранил два шута. И му расипа роденденски подарок на едно мало дете.
За 12 годишниот Ајдин Османовиќ од малoто босанскo гратче Сребреник кај Тузла допрва ќе слушаме, бидејќи веќе го завикаа новиот Сафет Исовиќ. Сјаен талент и грло кое фамозниот севдах умее да го најде и во една наша, македонска, позната, добра, можеби најдобра. Јано, мори. До него му е учителот, Јасмин Брашњиќ. Чујте го малиот каков мед е тоа.
Фудбалот бил единствена шанса на Виктор Осимен да куртули од големата сиромаштија во која живеел. Во детство останал без мајка, почнал да работи на 6 години, а во 2018-та година не можел да најде клуб и добил отказ во Белгија. А денес Барселона, Реал Мадрид и другите гиганти прашуваат колку треба да дадат за него.
Во последните неколку години сè почесто дека Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, а како следна дестинација изненадно се споменува Барселона. Одамна немало голем трансфер меѓу вечните ривали, а најпознат е оној на Луис Фиго кој направи голем потрес.
На мега дербито ПСЖ - Баерн Минхен во 1/8 финале од Лига на шампиони од старт за Парижаните заигра 16-годишниот Ворен Заир-Емери и официјално стана најмлад во нокаут фаза на Лига на шампиони со 16 години и 343 дена.