Сè започнува со едно паѓање од точак и кршење рака. На ова се надоврзува друга, емотивна загуба. Но сета тоа се преточува во креативност, од која произлезе нова платформа за транскрипција на усмен говор на македонски во текст. За нејзин понатамошен развој можете да придонесете и вие!
Зборот инфлуенсер не постоеше тогаш, но татко ми беше токму тоа, човек кој можеше со еден збор да влијае врз симпатиите на милионска публика. Можеше, ама не го правеше тоа.