Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.
Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.
Реши Клоп на градскиот ривал во ФА Купот да му излезе со втора екипа. Не играа Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Салах, Фирмино и Мане. Ама затоа играше малиот Куртис Џонсон (18) кој во 71' минута постигна маестрален гол и го испрати Евертон без победа дури и по 21. градско дерби.