УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.
Италијанската јавност со пофални зборови до македонската репрезентација за која велат дека им помогнала што ја задржала Албанија на пристојна дистанца (6 бода) од второто место кое води во бараж.
Нередите, инцидентите, календарите и распоредите се мачкина кашлица за ФИФА во однос на тоа ако треба да се справува со евентуален пласман на Украина на Мундијалот во Русија догодина.