Во едно неодамнешно интервју, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија и член на боксерската Куќа на славните, Мајк Тајсон, кој годинава наполни 50 години раскажа што му се случило во едно средно школо.
Од прашливите патеки во сиромашната Кенија, Самуел Ванџиру стана најмладиот олимписки рекордер во историјата. За жал не можел да се носи со славата и притисокот на златниот медал и брзо се пропил. Животот го завршува трагично а зад себе остави многу прашања без одговор.