По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
Пишувањата на македонските портали дека поранешен фудбалер на Арсенал има шанси да го гледаме на Филип Втори во дрес на Вардар, нè скокотнаа да провериме дали има вистина во тоа.