Прашањето на Јанис Варуфакис е: зошто струјата добиена од обновливи извори, кои нели се воведуваат и субвенционираат од државни пари заради неспоредливо пониските трошоци за производство, и понатаму се плаќа по истите цени по кои се плаќа и ултра скапата струја добиена од природен гас?
Војната во Украина моментално е во фаза кој има оружје со поголем домет и кој има повеќе муниција за тоа оружје, и оваа стратегија е крајно неселективна по кој било критериум, важно е само да се лупа. Жртвите, репортажите и поместувањата на фронтот покажуваат дека Русија доминира и по двете основи.
На 13 април украинската страна соопшти дека во ракетен напад го потопила крстосувачот Москва, еден од најмоќните бродови на црноморската флота и општо на руската морнарица. На 15-ти април на руските медиуми беше објавена кратка информација дека крстосувачот Москва потонал во невреме на Црното море.