Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.