Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.
Решавачкиот пенал на Јоргос Самарас против Брегот на Слоновата Коска во 92 минута со кој Грција стигна до осминафинале, предизвика посебна радост кај еден млад навивач на шампионот на Шкотска со кој е емотивно поврзан напаѓачот.