По септемвриската лежерност, за сите кои имаат дома ученици, настапува есенскиот стрес, со домашни, испрашување и тестови. Ама ако мислите дека на родителите од минатото им било полесно, се лажете.
Она што денес го прават интернет пребарувачите, обидувајќи се да ни дадат одговор на понекогаш апсурдните прашања, порано било задача на библиотекарите. Јака им душа што сè трпеле.