Актуелниот македонски ракометен шампион во женска конкуренција борбата за пласман во фајнл форот ја започнува против германскиот тим Турингер, меч кој е закажан за в недела со почеток од 18 часот во салата „Борис Трајковски".
Раул Гонзалес е новото име кое седна на клупата на македонскиот ракометен шампион. Тој е четвртиот тренер оваа сезона во таборот на „Црвено црните" кого го очекуваат предизвици на три различни фронта.
По сите претходни најави, но и желби на навивачите газдата на двете ракометни екипи на Вардар, го презеде во свои раце и најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.