Марјан Чарли ја извел сестрата на славниот jугословенски пејач Лео Мартин која студираше во Скопје. Откако ја изнашетал на корзо, на Кеј, пред „Ванила” и на плоштад, на крај со глас на Бери Вајт ѝ предложил да фатат реиз и да тркнат до Сарај. Женската прегладнета и премалена се затрчала кон првиот киоск што го видела за да касне некое залче колку да преживее. Тогаш Марјан Чарли гласно ја предупредил: „Шта чеш тамо? Па тамо нема ни ѓевреца ни буреца!”
Секој што не може да погоди ни копче на капут, автоматски станува аналитичар или експерт. Пoгодува што ќе се случи во светот, неговото маало и лонецот на сопругата. Нашата демократија е најголема. Во политиката примаат секого освен тие што имаат ишијас. Не можат да се наведнат.