На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.
Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.
Судбина е она што може да проба да ги раздвои Ромео и Јулија или пак да спои, барем на кратко, луди комбинации од типот Никита Хрушчов - Мерилин Монро и Стив Џобс - Енди Ворхол. Орсон Велс седел до Адолф Хилер ама слабо се сеќава на него.