Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски беа гости во спортската емисија „Фер плеј со Јана“. Зборуваа на спортски теми поврзани со Вардар и настапите со репрезентација на Европското во Германија, а потоа пикерот на Македонија изненади и со друг скриен талент.
26 годишниот пивот на Вардар испука проектил против Франција кој влезе во изборот на ЕХФ од топ 5 голови на денот. Овој пат го истакнаа со поинаква мајсторија поради начинот на кој го измами голманот во игра еден на еден.
Имаше убави моменти за одбележување на Македонија против гигантот Франција, особено кога на семафорот стоеше 8:10. Голот број 1 го постигна Милан Лазаревски, кој во контра напад се крена дрско од 10 метри.