И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.
Трабзонспор има големи 3:0 во турското дерби над Бешикташ. Енис Барди не е меѓу стрелците, но е најзаслужен за првиот гол кој го постигна Пол Онуачу. Сè изработи како што треба и му ја даде на тацна.
Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.
Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.
Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.
Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.
Само 4 минути и беа потребни на Македонија да го најдат патот до голот против аутсајдерот Гибралтар. Поатрактивно не можеше да биде. Уживајте во атракцијата на специјалистот за слободни фрлања, Енис Барди.
Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на гостувањето против Валенсија, резултат кој не им одговара со оглед на тоа што се на дното на табелата со -6 од испаѓање на 4 кола до крај. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го испука можеби најсилниот удар во кариерата, ама немаше среќа, инаку ќе го имаше голот на колото.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.