Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.
Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.