Eри де Лука, добитник на Европската награда за литература за 2013, фален како „писател на деценијата“ од Кориере дела Сера во 2009, сега доби уште едно престижно признание - годишната награда за најлоша секс сцена во книга.
Редовните читатели ја знаат нашата неуморност во следењето на оваа награда, која од 1993 се доделува на најлош опис на коитус во проза. Описите имаат нешто заедничко - не се убави, ама затоа пак се многу упорни во својата намера.