Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
Пред некое време пишувавме за зборот на годината според Оксфордските речници, кој воопшто не е збор, туку слика-емоџи. И Меријам-Вебстер го прогласи својот (не)збор на годината. Како тргнало, следната година можеби ќе победи м’мкање или свиркање.