Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.