Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.
Барањето на Иран за купување на одбранбениот систем било одбиено главно затоа што Русија е свесна на напаленоста на сегашната американска администрација да отвори уште една војна во Персискиот залив.
Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.
Двајцата претседатели се сретнале набрзинка за време на Г20 самитот во Буенос Аирес, а освен нив на средбата присуствувале само уште преведувачот на Путин и сопругата на Трамп, Меланија.