Ок, пошто углавном гледам три типа ликови околу - новокомпонирани, (колку толку) нормални и авангардни, и со оглед на тоа дека новокомпонираните се апсолвирани во повеќе наврати, ред е малку да се осврнеме на авангардата.
Забележливо е отсуството на боновци, ангелини и ричардгировци да бекнат нешто за последниов бран бегалци. Каму концерт за оние милиони сиријски бегалци кои се во Турција и наоколу? Еднa од ретките исклучоци е Ема Томсон: "Да беа бели, поинаку ќе беше". Ај па, може ќе тргне.
Добро е ова за разбибрига! Една голема (ама огромна!) листа на песни кои се ете украдени од друго место. За некои песни не контаме баш, други имаат џапнато по некоја фраза а трети се апла здиплени.
На прашањето на Ролинг Стоун магазин: "Која ви е најомилена преработка на песна на сите времиња?" одговорот на публиката е "Jimi Hendrix - All Along The Watchtower." Боб Дилан е единствен на листата што два пати е преработуван, а Нирвана е единствен бенд што два пати го има на списокот.