На 2 март (ќе) му беше 77-иот роденден. По тој повод јавната библиотека на Њујорк издаде специјална Лу Рид членска карта, која обезбедува пристап не само до вообичаените услуги, туку и до хартиени и електронски документи, фотографии и околу 3600 аудио и 1300 видео снимки од големиот рокер.
Мистериозниот посетител, кој со децении му оставаше три ружи и полуполно шише коњак на По, трета година по ред не се појави на неговиот гроб. А и Лу Рид, кој му посвети цел албум, веќе го нема.
Кој е логичниот след на настани откако ќе умре славен музичар? Нормално, нова биографија за него со „до сега неоткриени детали" од неговата кариера. Една таква ќе излезе наскоро.