По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.
Рики Жерве, Семјуел Џексон, Миа Фароу, Салман Ружди, дури и Ватикан, беа меѓу оние кои му оддадоа почит на Лу Рид. Меѓу нив и сер Том Стопард, кој ја искористи музиката на Рид за неговата славна претстава „Рокенрол".
Не дека е важно да знаете дали зад некоја песна стои вистински настан и фиљан човек на кого му е посветена за таа да ве допре, и да помислите дека е напишана баш за вас и вашата љубовна среќа/болка/чемер/јад. Ама па овие песни се толку познати, што сигурно нема да ви ги расипеме со деталите околу нивното создавање.