Статијата на Гардијан зборува исклучиво за овој вториов, помал дел, дел што Трамп сака во најголем дел да го потроши на оружје. Меѓутоа, Гардијан тоа не го кажува доволно јасно, па читателот може да сфати дека Трамп сакал на војска да троши на 60% од ВКУПНИОТ буџет.
Од трите копии од договорот (по една за Мексико, САД и Канада) што треба да се потпишат, Трамп ја греши едната, на неверување на луѓето околу и над него. По пат пробува да се извади со „која од овие (три) е битната“ на што Трудо му одговара со „секој од нас добива по една“.
Се приближува крајот на учебната година, а одделението на нашите петтоодделенци денеска се запозна со 17тата наставничка во нивното досегашно образование. Седум од нив се сменија само во оваа година (ако не ги сметаме еднодневните замени од страна на вработените во училиштето). Во последниве неколку дена, мислам дека единствено обезбедувањето не им предаваше на овие деца...