И покрај убедливите резултати во групната фаза и елиминацијата на ПСЖ од кој не примија ниту гол, Баварците останаа и без Лига на шампиони. На удар е управата.
Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.