Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Менаџерот на актуелниот светски првак Германија, Оливер Бироф изјави дека сите фудбалери и стручниот штаб останале цела ноќ во соблекувалните на стадионот, по пријателската со Франција која се одигра во исто време со терористичкиот напад во Париз.