Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.
Во 1993-та Ајнтрахт Франкфурт го пречекува Карлсруе. За гостите брани лудиот Оливер Кан, а за домаќините игра Нигериецот Џеј-Џеј Окоча, еден од најпрефинетите техничари од Африка.
На 12 април 2000-та, Баерн Минхен гостува кај Фрајбург. Во еден момент од мечот од трибините полетува голф топче и му ја пука аркадата на најдобриот германски голман во тие години. Кан го сошија и го доигра мечот на кој Баерн после пресврт и со играч помалку победи со 1:2.
Великаните на светскиот фудбал редовно стигнуваат до завршницата на Мундијалите. Петкратниот Светски шампион има одиграно 11 полуфиналиња на кои загубил само еднаш во 1938. За Германците ова е четврто во низа, но го немаат поминато од 2002 година.