Мотивационен говор на Габриел Бајрам по повод Меѓународниот ден на Ромите со желба да се стави крај на „циганизмот“ и луѓето да не чувствуваат како Цигани (ќе допре ли оваа порака до Тајсон Фјури кој сам гордо се нарекува Кралот на Циганите?). „Денес секој сака да биде Амди Бајрам“, ќе каже неговиот син и наследник. „Ако, убав е тој идеал.“
Сиера Леоне, Карпош 4, Драчево, Оклахома, бивши војници од Конго, царството на Амди, Снуп Дог во Приштина, скопски дворови со старо железо, фалц фармерки, пинг-понг на улица, аикидо на клупа, Роџо, Жан....
Автор на новогодишната желба е фамозниот нео-хегелијанец Амди Бајрам кој накратко вика: „Сите да гласаме за промена на името бидејќи тоа е во интерес на сите нас, политичарите“. Амин.
Сите што го сакате The Office, го сакате и недоверливиот не-ме пипај-не-те-пипам мрзлив решавач на крстозборки во работно време Стенли. Сите што го сакате Стенли, го сакате и Лесли Дејвид Бејкер, без разлика дали ви се бендисува песната или (супер шабанскиот) спот што направил. Од ведро небо Бејкер повлече тотално неочекуван потег со кој се претставува сосема обратно од оној во The Office. Журка!
Минатава недела ја одбележаа неколку крупни настани. За ниту еден од другите освен тоа што улетав во офнетовските зеленила не ме боли уво и неам намера да ги третирам така што Горан Михајловски би помислил дека му трчам по лебот и во секси ќошето на „Вест" би наредил да ја стават мојата омилена сексуална поза: шеесништо.
Објавените досиеа на 'соработниците на Службите' откриваат многу чудно наденување псевдоними на лицата. Просто, не можеш да им ја разбиеш шемата. Така, Милчин е Драматург (ок, има логика), Слободан Угриновски е Корбизие (хмм...) а Коста Балабанов е - Марјан (?!?). Да си поиграме на темата:
Се сеќаваш ли на твојата колумна со муабетот, Љубчо, Бранко е... стави шприцер да се лади, еве ме, доаѓам? Удри им еден риспекат што те послушале.Леонид