Новата сезона започнува на 3 јули со спектакуларната проекција на епскиот филм „Troy“ (2004), остварување кое и повеќе од две децении по својата премиера останува едно од највпечатливите историски филмски искуства на големото платно.
Во текот на целото лето, публиката ќе може да ужива во внимателно одбрана филмска програма секоја среда, петок и сабота, со почеток во 20:30 часот, во уникатниот амбиент на најубавиот rooftop во градот.

Минатогодишното издание на ROOFTOP OPEN AIR CINEMA донесе бројни незаборавни моменти. Покрај повеќе од 10.000 посетители, беше одбележана и првата јавна проекција, како и 20-годишнината на култниот македонски филм „Бал-Кан-Кан“, настан што собра голем број љубители на домашната кинематографија и дел од филмската екипа.
И оваа година програмата ќе понуди посебни филмски настани. Еден од нив ќе биде и прославата на 10-годишнината од филмот „Џган“, со специјална проекција посветена на овој значаен македонски филм.
Билетите ќе бидат достапни онлајн како и на билетарниците во киното.
ROOFTOP OPEN AIR CINEMA е заеднички проект на Skopje City Mall и Cineplexx, реализиран со поддршка од главните спонзори Sparkasse Bank и Schweppes.
Поддржувачи на проектот се и Македонски Телеком, Wolt, Red Bull и ABC Brothers, кои и оваа година се дел од најголемото филмско летно доживување под отворено небо.
Со внимателно избрана програма, препознатлива атмосфера и поглед кон летното небо, ROOFTOP OPEN AIR CINEMA и оваа сезона ќе биде местото каде што филмовите се доживуваат поинаку.
(Комерцијален текст)