Повторно храбро ги поминавме сите десет игри, активно се дружевме, стигнавме до целта, доделивме многу награди, на летните горештини се освеживме со најубавиот јогурт Баланс плус и пеевме заедно со Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Ѓоко Танески, Викторија Лоба и Виктор Апостоловски, избалансирано од диџеите на Антена 5 Радио и церемонијал-мајсторот Ненад Ѓорѓиевски.
Најважно од сè, дознавме и се уверивме дека јогуртот Баланс плус секогаш е верен пријател во варењето на храната и регулирањето на метаболизмот и дека делотворно влијае врз нашата цревна флора.
Дознавме уште и дека десетте забавни игри, кои лесно ги поминавме, всушност, асоцираат на десетдневното редовно пиење на Баланс плус, кој на ист лесен начин ќе го подобри нашиот метаболизам и нема да нè остави без награда.
Во ноќните часови Античкиот театар ѕвонеше од избалансираните гласови на вокалната атракција „Перпетуум Џезиле" од Словенија кои оддржаа несекојдневен и спектакуларен концерт во Охрид. Околу 4 илјади гости ја проследија беспрекораната изведба на најпознатите композиции на Тото, Синди Лоупер, Ван Хален, Роберта Флек, но и за оваа пригода посебно изработениот аранжман на македонската „Јовано, Јованке„.
И во иднина очекувајте нови и свежи изненадувања од вашиот пробиотски јогурт Баланс плус за совршено избалансиран живот.
комерцијален текст