Недостатокот на цврста и праведна уредничка рака на овој сајт некогаш доведува до халуциногени кафански моменти. Замислете да ги слушате Селимова и Желчевски ама погледот цело време да ви оди кај деколтето на - Желчевски. Денеска осамнаа две тазе бразди во оффнетовските бавчи, на Бетмен и на Емили. И супер нормално, во едната се пишува за цицки а во другата за машкиот подвиг на Феликс. Само што... * "Цицки, нецицки, цицки, нецицки, цицки, нецицки. Нецицки. Жална вест за оние кои носат градници над тројка. Аут сте". (Емили, клик тука) * "Верував дека за моја љубов нема да се ашка по Њу Мексико туку ќе слета триумфално како искусен птеродактил пред Триумфална (Бетмен велит, клик тука)