Што прави капсулата со светки во вашата вагина? Па пука и фрла мини светкави конфети, за ако нешто партнерот слави роденден, или е нова година, или така нешто.
Глупо ви е? Процедурата е следна: капсулата се вметнува саат време пред односот, па како и кај тампоните, влагата и топлината предизвикуваат реакција, и после некое време имате многу за усисавање.
Уште не ви е глупо? Не само што имате репродуктивен орган полн новогодишен материјал од тезги, туку и самиот тој материјал има вкус на бомбони. А, до сега требаше да ни биде јасно дека шеќер и гениталии не одат заедно. Остајте што нè лажеа на „9 ипол недели“.
Производот се вика Passion Dust, а креаторите (Pretty Woman Inc) го опишуваат како „доволно да направи вашиот партнер да помисли дека вашата мала пеперутка е она што сите вагини треба да бидат: миризливи, меки, слатки и волшбни“.
Гинеколозите некако не го опишуваат баш така.
„Да се користи ваков производ всушност ја убива страста. Брашното и желатинот ја повишуваат pH вредноста и заедно со шеќерот канат штетни бактерии и габи како Кандида да се размножуваат. Ова предизвикува болки и воспаление и го прави самиот однос неподнослив,“ кажува Шазија Малик, консултант гинеколог и акушер.
А зошто да мора да им се каже, бе? Мора ли и светки?