Дизајнерката што помага на егзотични танчерки

Оние штикли што длабоко во себе сакате да ги пробате и поносите ама некако уште не сте го направиле тоа? Е па, девојчево ги претвора во уште поголеми чуда

Се вика Наталија Најтшејд, ма продавница на Etsy, а ѝ текнало да се бави со ова кога се запишала на танцување (на шипка) и посакала да си ги разубави штиклите.

После првиот пар, сфаќа дека има талент (ќе видите) и дека како што соблекувањето е кариера, и украсување на штикли за тие што се соблекуваат исто така може да биде кариера.

Како им помага на танчерките?

Според неа, уникатни штикли ги прават многу подобри и тоа на повеќе начини. По нарачка им го пишува името со светки, им става најразлични шари со светки, дури и цртежи од омилени филмови и книги (танчерски штикли со Хари Потер е закон, на пример), или едноставно им дава буст на самодоверба, со тоа што на штиклите ќе стави украс чие значење го знае само девојката што ги носи.

Со сите овие прекрасни ситници, девојките стануваат посамоуверени, препознатливи, а со тоа и напредуваат во нивната кариера која многумина ја сметаат за недоволно добра.

А реално, како може да не биде прејака, девојка што танцува на шипка и носи прекрасни штули со глитер на кои пишува Pоle Witch?

Како?

4 ноември 2018 - 17:02