Исто е, ама не е исто

Писмена работа за татковината, некогаш и денес

Вакво четиво немате читано уште од онаа легендарна писмена работа која ја имавме на Он.нет. Истиот вознес, истата љубов, истата поетска наива и „feeling determined“.  Ако па и испадне дека стварно се работи за истиот автор (ништо овде веќе не може да нè изненади), ќе бидеме пресреќни затоа што таа, татковината, на крајот сепак умеела да ги препознае своите таленти и да ги постави на вистинското место.

Фото: Сцена од претставата „Лет во место“

ПИСМЕНИТЕ НЕКОГАШ:

Република Македонија или нашата земја е откружена со голем број странски и домашни туристи. Природни убавини се: Езерата, Реките, Планините. Нашата земја е откружена со голем број странски туристи кои доваѓаат во нашето училиште зошто нашето училиште прима и странски и домашни туристи.
Мојата струка јас што ја завршив ми беше келнерка ја одев низ цела Македонија по хотелите во Охрид. Таму има секоје лето странски туристи од други земји и домашни гости.
Нашата земја не е толку убава со природни убавини затоа што е загадена околината на Водно. Најубава природна убавина има во Охрид, Струга Маврово. Најмногу странски и домашни гости и природни убавини има во Охрид. Најмногу домашните и странските туристи одат во Охрид.
Заради реакција, одмор, расположение, прошетка. Најмногу странски и домашни туристи одат во Охрид заради убавите природни езера и тоа Охридското езеро, Преспанското езеро и Дојранското езеро.
Во Охридското езеро природни убавини има целото езеро и позадината е убава со природни убави цвеќиња, со природна убава трева и со природна убава летна бавча со убав чист ваздук за странските и домашните туристи.
Охрид е убав град со многу странски и домашни гости кој ги привлекува нашата земја што поубава за рекреација и одмор.
Природните убавини на нашата земја ги привлекуваат гостите да одат на одмор да се одморат, рекреираат со убавите гласови на птиците, ластовичките, на бумбарите, на пчелите, на пеперутките на сите убави природни убавини.
Лично мислење за потребните работи кои што треба да се направат за целовито да се искористат природните убавини на нашата земја.
Нашата земја треба да преземе мерки за да изгледа нашата земја што поубава и почиста да нема врлање книги или отпат на улиците, да не се кара со постарите да има почит кон старите.
Нашата земја треба да ја чуваме и браниме да ни изгледа што поубава како и другите земји.

* писмена работа по македонски од средно угостителско од учебната 1998/99 година.

***********

ПИСМЕНИТЕ ДЕНЕС:

**********

Музички бонус: Групата „The Reporters“ и песната „Глупо време“

10 јули 2019 - 12:58