Premium AGS со акциски понуди

Новиот дилер на Volvo Cars во Македонија нуди специјални акциски цени за моделите XC40, XC60 и XC90, со вклучена Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни!

Акциски цени

XC40, кој беше прогласен за Европски автомобил на годината за 2018 ќе биде достапен веќе со цена од 32.190 EUR во T3 INTRO верзијата од моделот. Малиот спортски теренец носи во себе големи иновации и богата дополнителна опрема.

XC60 беше избран за Светски автомобил на годината за 2018 година, а покрај акциската цена од 49.990 EUR за верзијата D4 MOMENTUM, во Premium AGS нудат можност за избор меѓу Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни.

Моделот XC90 D5 AWD A MOMENTUM+ кој претставува луксузна комбинација помеѓу совршената безбедност, софистицираната снага, неверојатна удобност и елегантен дизајн, сега е достапен со цена од 74.990 EUR. Дополнително и за овој модел, дилерот нуди бесплатна Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни. Комплетната понуда можете да ја погледнете на следниот линк https://www.volvocars.com/mk/buy/purchase/special-offers/vozila-xc

Сервисна акција

Освен акциските понуди за новите купувачи, од Premium AGS обезбедија и пријатно изненадување за постоечките сопственици на Volvo автомобили во Македонија. Имено, доколку поседувате Volvo, можете веднаш да закажете бесплатен зимски преглед на Вашиот автомобил и воедно да се запознаете со Вашиот нов Volvo советник.

Прегледот го вршат врвно обучени сервисери, а можете да се пријавите веднаш на следниот линк
https://www.volvocars.com/mk/own/service-and-maintenance/accessories-of…

На пролет, Volvo во нов дом

Последната новина од Premium AGS е изградбата на сосема нов салон за Volvo Cars според најновите светски стандарди. Изградбата е во напредна фаза, а Volvo ќе се пресели во својот дом веќе на пролет следната година.

(Комерцијален текст)

11 декември 2018 - 14:24