
Читајќи коментари и гледајќи анкети по телевизии, гледам преовладува некој специфичен сентимент на општа пизма (хејт по ново) буквално кон сè и желба/потреба од општ реваншизам. Се аплаудира на остри/строги санкции, најави за казнена политика итн, и сите што коментираат завземаат некаква идеализирана позиција како да не се однесува на нив тоа туку на некој друг што греши/крши закони, плука, фрла отпад, вози ко стока, збори на телефон, дава мито/брка врски итн...
Во превод, сите сме чисти, ама ете некој друг таму греши во континуитет, тој некој нема име/презиме/лик, ние не го знаеме кој е и затоа е "работа на институциите", камерите, итн. да го пронајдат и да го казнат - кога тоа ќе се реши, конечно ќе нè биде.
35 години "независност", 35 години некој друг е крив, анонимен душман, ѓаол, шејтан, ама ние од прв до последен "топ-че до топ-че" (ова топ го замени супер, не знам дали има понов термин).
Во реалност, ова е морално колабирано општество, тотално имплодирано кое си лета на автопилот и чека генетски инженеринг да напредне до ниво да може Др. Тито да биде клониран за да ги оправи работите (и Аца на Коњ, ако го најдат).
Општа култура не може да се изгради ако нема лична култура која зависи од лична одговорност - а очигледно ние сме оперирани од тој феномен па ќе делегираме арбитража на некакви си камери, институции, господ - инфантилно и индолентно однесување.
Во меѓувреме, секој втор, буквално, вози со телефон во рака. Има ликови со телефон во лева рака, бурек во десна рака, волан со колено (.. ии како даваш/гас кочиш? .. со к*рот бе брат, хаха/хаха).
Едно време жолто беше новото зелено, потоа првите 5 секунди црвено (после жолто) станаа новото зелено, па сега некако мислам тоа се оправи па пак е жолто новото зелено, барем во по-отесаниот дел од Ск.
Шпиц веќе нема во одредени саати, шпиц е цел ден, 80% од возачите се сами во кола. Главниот град има радиус од некои 6км.
Со просечен од се стигнува од било која точка до центар за:
а) 1 час пешки, (6км/ч)
б) 15 минути со тротинет/велосипед (25км/ч)
в) 35 минути со автомобил
Според горната математика, нашиот бистар и античко биЛБиски народ, смета дека најдобра е опцијата под в) - затоа што роса, температура под 30с, промаја, сонце или облаци се опасни по живот и најдобро е да си во кола (башка голф, 1.9 тедеј, не троши, шо ќе одам, или на плин ја напраив брат-брат, упаљач еј, стаам и не мислам!).
Да не правиме муабет дека има буквален автопат за пешаци/велосипедисти/тротинетџии покрај кеј на Вардар од Ѓорче до Лисиче (некои 10-12км непрекината рута, со две ленти, покрај река, убав тревник, парк и газови во новите модели на хеланки што подобро дефинираат).
Kамерите ќе го оправат сообраќајот како што субвенците за инвертери го оправија воздухот на зима. Ова ќе биде уште едно сидро што ќе не влече напред.
Благоја