Писма на читателки со 4,5 грчки ѕвезди

Само што влегов во колата, почна да ме напаѓа лично како сум смеела да кажам "Македонија" додека сум во Грција (иако кажав Северна Македонија), како тоа само една Македонија постои и е во Грција, да сум си одела дома и да "сум си зборела со Заев" и што уште не. Двајцата се тресевме од нервоза.

Најдов сезонска работа преку jobtrust.gr, како келнерка во хотел "Aegean Melathron".

Одма штом слетав во Солун, се качив во автобус за до Калитеа, па пешки до хотелот каде што требаше да работам, многу познат хотел колку што приметив во тој регион, 4.5 ѕвезди. "Aegean Melathron" се наоѓа помеѓу Калитеа и Криопиги, на самиот пат, со Македонци, Бугари и Срби како најголем дел од гостите.

Бев пречекана од рецепционерот, којшто имаше воедно улога и на келнер, асистент, менаџер и што не.. Ме праша како се викам и од каде сум. Му кажав Северна Македонија од претпазливост, претпоставувајќи дека политиката ја оставаме на страна и двајцата очекуваме професионален однос, сепак 4.5 ѕвезден хотел е.

Веднаш го смени изразот на ликот откако го слушна зборот на "M" , и строго ме упати кон возачот кој требаше да ме однесе во собата.

Приметив дека возачот се движи се подалеку и подалеку од хотелот, но не беше киднапирање или нешто слично, туку собата каде што требаше да престојувам беше на фарма, во планина, и единствен пат да се стигне до мојата соба беше или преку козји патеки или со автомобил преку другите фарми, оддалечено 2,3 километри.

Беше невозможно да се качува/симнува до хотелот каде што требаше да работам, уште помалку безбедноста со оглед на тоа што змии слободно шетаа, на 40 степени, горе/доле што и да затреба не е така едноставно. Уште шокирана, возачот ме упати кон собата чијашто квака беше расипана, и вратата не се отвараше/затвараше. Влегов во собата, каде беа 3-4 други девојчиња, и на "мојот" кревет имаше облека од друго девојче расфрлена по целиот кревет, со валкани постелнини, каква што всушност беше и целата соба.

Веднаш излегов и го замолив возачот да ме однесе назад во хотелот да разговарам со менаџерот или било кој одговорен којшто може да ми помогне со ситуацијата. Тоа секако беше рецепционерот кој претходно и ме пречека, зачуден зошто не поседувам автомобил (ништо слично претходно не беше напоменето во апликациската форма за никаков автомобил, туку ова беше студентска/сезонска работа). Откако му ја објаснив ситуацијата, ми рече дека нема што да направи и да чекам до следниот ден т.е. да преноќам и следниот ден во 9:00 да разговарам со одговорниот.

Иако веќе беше јасно што следи следното утро , букирав апартман во Калитеа да преноќам, и сабајлето за жал се вратив во хотелот да разговарам со " одговорниот" . Ме пречека истиот рецепционер и ладно ми се обрати дека не сум му се допаднала на одговорниот и не сака да ме види воопшто. Младо момче од Романија, што прв пат го видов тој ден, го наслушал целиот разговор и ме праша дали сум свесна, дали знам зошто така ме третираат. Јасно беше, но ме интересираше причината и прашав и секако беше заради мојата националност, дека сум македонка и газдата многу не не сакал, сите вработени го знаеле газдата како голем расист.

Нов возач дојде, да ме однесе назад на фармата да си ги земам куферите. Само што влегов во колата, почна да ме напаѓа лично како сум смеела да кажам "Македонија" додека сум во Грција (иако кажав Северна Македонија), како тоа само една Македонија постои и е во Грција, да сум си одела дома и да "сум си зборела со Заев" и што уште не. Двајцата се тресевме од нервоза.

Да напоменам, сите беа информирани пред моето слетување во Грција за мојата националност, од стана на хотелот и од страна на веб страницата преку која аплицирав.

Во меѓувеме добив имејл од агенцијата (веб страницата) којашто ме упати кон хотелот и воедно ме вработи, дека добила новости од одговорниот за случај на девојче(јас) што одбило да има состанок со него утрото(кога се случија горенаведените настани) и заради тоа морал да ме отпушти.

И покрај сè, не сакав да се откажам така лесно и пробав да најдам работа на некое друго место во градот, но добив совет од гркот којшто беше газда на апартманот што преноќив дека тешко со мојот пасош ќе најдам работа во Грција и да си одам како најдобро решение. Така и заврши целата приказна, се вратив во Скопје и ова лето ќе го паметам како најлошо дефинитивно, и мислам дека Грција нема веќе да ми е ни избор ни дестинација за летување.

Лекција, ете, ако не друго..

Марија

**********

Бонус од друг читател:

Мене келнерот во јужна Македонија (Никити на Халкидики) ми рече дека северна Македонија била кај Солун, а Халкидики била јужна, и дека сме ние сме од Скопје (не, му велам, од Кочани и Битола сме).

Го прашав за името, Герасим, мило ми е, му велам, и ми вели, „Јас сум Македонец, не вие“. „Аха, ок друже, мило ми е“. И се претставивме, Дарко, Дамјан, Наташа и Искра

Кај Искра се збуни, па какво е тоа име, па што значи, и некако заклучи дека е нешто како кибрит, па го кажа на грчки. „Ок, му велам, а како е на македонски?“.

Се збуни, „молам’ вели, „не го разбирам прашањето“.

„На грчки“, му велам “е така и така, спитико, спарк на англиски, дрнд дрн, а како е на твојот јазик, на „твојот македонски“?

„Ај донт гет поинт“, ми вика

Герасим, инаку гагауз, кој не си го знае „мајчиниот“ јазик, се сврте, си замина кај други маси и прати друг келнер.

Дарко

 

18 септември 2019 - 15:45